Проектот „Градски стадион во Тетово“ веќе е во напредна фаза

117

Градоначалникот на град Тетово, Билал Касами, преку социјалните мрежи и се обрати на јавноста давајќи нови информации по повод проектот околу реновинрањето на Градскиот стадион во овој град.

Еден од најважните спортски објекти во градот под Шара, во моментов е во сериозна реконструкција, и од стариот објект речиси и нема да остане ништо. Тетово ќе добие нов модерен објект за фудбалски намени, кој што секако ќе биде кадарен да вдоми и мечеви од меѓународен карактер.

„Чекор по чекор, кон модерен стадион“, напиша Касами на социјалните мрежи, истакнувајќи го напредокот на работите и случувањата на терен.

 

ПретходноЗа првпат од 2013 година Обрадовиќ во Белград доаѓа како противник
СледноГаштаров во тимот на колото во Србија