Алаѓозовски замина од Беласица, ќе продолжи во Кувајт

100

ФК Беласица и Мартин Алаѓозовски спогодбено ја прекинаа соработката, а причината за разделбата е трансфер на стратегот во Кувајт. Струмичкиот клуб ја потврди разделбата и му се заблагодари на Алаѓозовски за ангажманот, посветеноста и трудот што ги вложил за време на престојот во Беласица.

„ФК Беласица АД сака искрено да му се заблагодари на Мартин Алаѓозовски за неговиот ангажман, посветеност и труд во нашиот клуб“, објавија од клубот.

ПретходноЛШ: Викинг го запре Баерн, Тресолди го „тресна“ Интер, Барса убедлива во Истанбул