Тренерот на Леванте, Пако Лопез утрово и официјално е отпуштен, откако тимот почна катастрофално во новата сезона на Ла Лига. Тоа значи дека тимот на нашиот репрезентативец Енис Барди наскоро ќе назначи нов предводник.
Леванте загуби од Мајорка со 1:0 во саботата и се најде на незавидното 18-то место на табелата со само 4 бода по 8 одиграни натпревари. Тимот се уште нема победа оваа сезона.
54-годишниот Лопез е првиот тренер во шпанската елита што доби отказ оваа сезона.