Александар Грујоски ќе го суди КУП дуелот помеѓу Вардар и Тиквеш

187

Утре 28.10.2026 во 13:30 часот ќе започнат дуелите од 1/8 финалето од овогодинешниот КУП на Македонија. Во него се среќаваат неколку дуели на прволигаши, но и на микс со екипи од ВМФЛ конкуренцијата.

Во Скопје на комплексот Петар Милошевски шампионот Вардар ќе се сретне со Тиквеш, а правдата на овој меч ќе ја дели Александар Грујоски.

Куп на Македонија 1/8 финале:

Двојки:

Вардар – Тиквеш

Главен судија: Александар Грујоски

Скопје – Новаци

Главен судија: Александар Василевски

Башкими – Шкендија Арачиново

Главен судија: Стојанче Стојанов

Пелистер – Силекс

Главен судија: Доне Ристовски

Работнички – Каменица САСА

Главен судија: Марјан Дејаноски

Македонија ЃП – Брегалница

Главен судија: Димитар Левески

 

ПретходноПотврдено: Ф4 во Евролигата во 2027 и 2029 во Абу Даби
СледноАлкалоид рутински против Бутел Скопје до седмиот триумф!