Огромната трагедија со смртни последици на десетици луѓе, која што се случи во Шпанија го потресе светот. Брзиот воз кој што се удри во воз во стоење однесе многу животи лекарите се борат за да спасат многумина од повредите, а во меѓувреме јавноста отворено обвинува надлежни за оваа трагедија.
Маркос Љоренте, играчот на Атлетико Мадрид, жестоко го нападна надлежниот министер кој утринава несвесен сеуште за трагедијата, споделувал информации на Твитер на политичка тема.
Секако, Фудбалската Федерација на Шпанија веднаш одлучи да бидат одложени денешните но и утрешните закажани мечеви од Кралскиот куп на Шпанија.










