КУП на Македонија 1/8 финале: Македонија ЃП ја „шокираше“ Брегалница, Струга ТЛ и Скопје одат понатаму

247

Во останатите мечеви од денешната 1/8 финална КУП програма во домашниот фудбалски шампионат, најголемото изненадување го направи тимот на Македонија ЃП, која што на пенали ја елиминираше Брегалница.

Откако гостите имаа водство од 0:2, неочекувано домаќинот израмни, а потоа во пенал серијата беше попрецизен. Трагичар за гостите беше Матеј Ангелов кој промаши во последната серија.

Рутински триумф на свој терен извојува тимот на Струга ТЛ кој што со 2:0 ја совлада Беласица.

Скопје со голот на Гордиќ во 68. минута стигна до победа од 1:0 против тимот на Новаци.

Работнички пак во второлигашката пресметка против Каменица Саса, триумфираше со 3:2.

 

Струга ТЛ – Беласица 2:0

Работнички – Каменица Саса 3:2

Македонија ЃП – Брегалница 2:2 (на пенали 5:4)

Скопје – Новаци 1:0

Башкими – Шкендија А. 0:2

ПретходноКисела лимонада за Вардар, сонот за двојна круна го урна Тиквеш
СледноХофенхајм е сепак од „друга планета“