Стеф Кари уште еднаш покажа дека годините за него не претставуваат никаква пречка. Во НБА лигата изминатата ноќ беа одиграни десет натпревари, а еден од најинтересните дуели се одигра во Сан Франциско.
Голден Стејт Вориорс ги пречека Лос Анџелес Лејкерс и славеше со 112:95, стигнувајќи до третата победа во низа.
Во центарот на вниманието беше 38-годишниот Кари, кој одигра уште еден одличен натпревар. Средбата ја заврши со 31 поен, четири скока и шест асистенции. Сепак, еден негов потег особено го привлече вниманието на љубителите на кошарката ширум САД.
На средината од третата четвртина, Кари ја презеде топката, а пред него се најде Лука Дончиќ. Еден фантастичен кросовер беше доволен словенечкиот кошаркар да заврши на паркетот. Кари потоа без проблем погоди тројка, а снимката од неговиот потег брзо стана хит на социјалните мрежи.
Особено е интересно што Голден Стејт во тој момент немаше предност и мораше да бара начин да се врати во натпреварот.
Лејкерс одлично го отворија дуелот и по првата четвртина имаа дури 23 поени предност. На семафорот стоеше 38:15 и се чинеше дека гостите лесно ќе стигнат до победата.
Сепак, домашниот тим целосно ја промени сликата на натпреварот во втората четвртина. Вориорс возвратија со иста мера, го добија овој период со 38:15 и на паузата заминаа со нерешени 53:53.
Лејкерс и во продолжението се обидоа да ја преземат контролата, па во еден момент повторно имаа девет поени предност. Сепак, следуваше голем пад во играта на гостите, а Голден Стејт ја презеде иницијативата.
Кари го предводеше својот тим до големиот пресврт, додека Дончиќ не успеа да го спречи поразот на својот тим.
Словенечкиот кошаркар беше најефикасен на натпреварот со 37 поени, седум скока и пет асистенции. Кај Вориорс, покрај Кари, значаен придонес даде и Брендин Подзиемски, додека кај Лејкерс Остин Ривс постигна 21 поен. Двајцата завршија со по 21 поен.
STEPH CURRY DROPS LUKA DONCIC
OH MY GOODNESS. 🔥🔥🔥🔥 https://t.co/NazYwy8J78
— Hoop Central (@TheHoopCentral) October 31, 2026
Од останатите натпревари, посебно се издвојува дуелот меѓу Торонто и Орландо, во кој гостите славеа со 121:114. Скоти Барнс одигра фантастичен натпревар со 41 поен, но тоа не беше доволно за неговиот тим да избегне пораз.
НБА – РЕЗУЛТАТИ
Вашингтон Визардс – Шарлот Хорнетс 95:79
Бостон Селтикс – Чикаго Булс 125:111
Бруклин Нетс – Детроит Пистонс 94:110
Филаделфија 76ерс – Њујорк Никс 98:93
Торонто Репторс – Орландо Меџик 114:121
Далас Маверикс – Хјустон Рокетс 116:111
Мајами Хит – Индијана Пејсерс 145:125
Минесота Тимбервулвс – ЛА Клиперс 127:101
Голден Стејт Вориорс – ЛА Лејкерс 112:95
Феникс Санс – Денвер Нагетс 120:127










