Тренчовски и Митровски славеа на големото словенечко дерби

111
фото: NK Olimpija Ljubljana (FB)

Олимпија предводена од Југослав Тренчовски го доби второто сезонско дерби против Марибор, славејќи со 1:0 на гостувањето на стадионот „Људски врт“, во рамките на 14. коло од словенечкото првенство. Македонскиот стратег и неговиот тим успеаја да дојдат до голема победа и да се најдат на само 3 бода од врвот на абелата.

Единствениот гол за победа на Олимпија го постигна Индрит Тучи во 56. минута, по брзата акција на гостите и асистенцијата на Кристијан Бендра.

Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски мечот го почна од клупата и доби шанса во второто полувреме. Олимпија по ова коло е на 3. место на табелата со бод помалку од Марибор и три помалку од лидерот Копер.

ПретходноСтојанче Стоилов ја запиша првата победа со Бутел Скопје во Супер-лига
СледноБеќири го запре Карабах