Одбојкарките на Наковски Волеј и Газели Волеј се единствените две екипи со максимален ефект по третото коло во Првата лига за жени. Двете екипи стигнаа до нови победи без загубен сет, совладувајќи ги Јанта Волеј, односно Вардар ЕМ.
„Трета среќа“ за Младост УГД, која по два претходни натпревари во пет сета конечно се радуваше на победа. Штипјанки го совладаа актуелниот шампион Работнички Скопје со 3:2, во неизвесен дуел во кој пресудија нијанси.
Пресврт приреди и Струмица Жени, која по убедливо загубениот прв сет со 9:25, успеа да ги освои следните три и да го победи Пелистер Волеј со 3:1.
Историски ден имаше Фламинго Волеј, кој ја забележа првата прволигашка победа во клупската историја. Фламинго славеше на гостувањето кај Фит Фан Волеј со 3:2.
ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ / 3. КОЛО
Младост УГД – Работнички Скопје 3:2 (22:25, 25:12, 20:25, 25:19, 15:11)
ЖОК Вардар ЕМ – Газели Волеј 0:3 (20:25, 21:25, 25:27)
Наковски Волеј – Јанта Волеј-КВ 3:0 (25:17, 25:23, 25:15)
Фит Фан Волеј – Фламинго Волеј 2:3 (24:26, 25:22, 23:25, 25:20, 11:15)
Струмица Жени – Пелистер Волеј 3:1 (9:25, 26:24, 25:23, 25:23)
ТАБЕЛА: 1. Наковски Волеј – 9 бода, 2. Газели Волеј – 8, 3. Струмица Жени – 6 , 4. ЖОК Вардар ЕМ – 5, 5. Младост УГД – 4, 6. Работнички Скопје – 4, 7. Јанта Волеј-КВ – 3, 8. Пелистер Волеј – 3, 9. Фламинго Волеј – 2, 10. Фит Фан Волеј – 1.










