Алкараз победи во Виена и го освои 28. турнир во кариерата

31

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го освои трофејот на АТП 500 турнирот во Виена, откако во финалето го совлада Австралиецот Алекс де Минор со 2:0 во сетови (6:1, 6:4). За светскиот ас ова е 28. титула во професионалната кариера, а прва на турнирот во австриската престолнина.

Алкарас фуриозно го започна финалето, направи два брејка и поведе со 4:0, а потоа без поголеми проблеми го освои првиот сет со убедливи 6:1.

Во вториот сет Де Минор пружи многу посилен отпор. Австралиецот успеваше да ги задржи своите сервис-гемови, но при резултат 5:4 Алкарас направи клучен брејк и со 6:4 го затвори мечот по еден час и 29 минути игра.

За двајцата тенисери ова беше прво финале во Виена, но трофејот му припадна на Шпанецот, кој ја продолжи успешната сезона со уште еден освоен АТП турнир.

ПретходноСтруга го изненади Е. Пелистер 2 на гостувањето во Битола
СледноКонфликтот со Флик го однесе на излезна врата од „Камп Ноу“