Ван Дајк гневен по дербито: Има 50 камери…како никој не виде чист пенал за Ливерпул?!(ВИДЕО)

118
ФОТО:.facebook.com/LiverpoolFC/

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, беше бесен по дербито бидејќи смета дека неговиот тим е оштетен поради недосуден чист пенал против Арсенал (0:1).
Ливерпул бараше пенал во неколку наврати во текот на првото полувреме од натпреварот, а најконкретната ситуација се случи кога Јурен Тимбер го собори Александар Исак.

Поучени од претходните примери, можеме да заклучиме дека сме виделе и казни за поблаги контакти. Енди Медли овој пат мавна со раката, а ВАР не проговори.
„Беше чист пенал за нас, како ВАР не го забележа? Па, има 50 камери… Сите го видоа. На крајот на краиштата, не беше судено и честитки за Арсенал“, рече Холанѓанецот.

ПретходноСтоле блескаше, неговата Валенсија со победа кај Елче!(ВИДЕО)
СледноВардар слави, „вулканот“ еруптираше – Мечка направи шоу со „Комити“ (ФОТО)