Одбојкарите на македонскиот шампион Работнички Скопје претрпеа убедлив пораз од грчкиот Заон Кифисија и во реванш натпреварот одигран вечерва во Скопје. Гостите славеа максимална победа од 3:0 во сетови.
Грчкиот состав доминираше во текот на целиот дуел, освојувајќи ги сетовите со 25:9, 25:10 и 25:17. Натпреварот траеше 62 минути, а Работнички успеа да освои само 36 поени.
Забележливо е дека нашите шампионки одиграа послаб натпревар од оној првиот во Грција кога достојно му парираа на грчкиот вицешампион во сите три сета. Сепак, искуството од новите европски средби на оваа нова генерација одбојкарки треба да им биде од голема помош во продолжението од домашниот шампионат.










