Евертон со пресврт и сомнителен гол славеше против Ковентри

36

Евертон славеше со 3:1 против Ковентри во натпревар од Премиер-лигата, но вториот гол на Тиерно Бари предизвика големи реакции и незадоволство кај гостите. Напаѓачот на Евертон постигна два гола во само четири минути, но вториот беше спорен поради сомнеж дека претходно ја допрел топката со рака.

Ковентри поведе во 52. минута преку Јан Гбохо, но Бари со гол во 57. минута израмни на 1:1. Само четири минути подоцна, по една нафрлена топка во шеснаесетникот, напаѓачот повторно се најде на вистинското место и ја испрати топката во мрежата за целосен пресврт.

Фудбалерите на Ковентри бурно реагираа, сметајќи дека Бари ја контролирал топката со рака пред да постигне гол. Снимките дополнително ги засилија сомнежите, но ВАР ја провери ситуацијата и одлучи погодокот да биде признат. Одлуката предизвика незадоволство кај гостите, кои сметаа дека се оштетени.

Бари подоцна се најде и во улога на асистент, откако во 81. минута му овозможи на Кирнан Дјузбери-Хол да го постигне третиот гол за Евертон и да ја потврди победата.

ПретходноЕвролига: Ц. Звезда го урна европскиот шампион, Партизан го прегази Макаби