Претседателот на Реал Мадрид , Флорентино Перез зборуваше за потенцијалното доаѓање на Килијан Мбапе во клубот.
Претседателот на Реал Мадрид , Флорентино Перез зборуваше за потенцијалното доаѓање на Килијан Мбапе во клубот.
Веќе во јануари ќе биде познато дали францускиот фудбалер навистина ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“. Шпанските медиуми направија нов БУМ:
„Во јануари ќе имаме информации за Мбапе, се надевам дека на први истиот месец се ќе биде решено“, вака шпанските медиуми ја пренесоа изјавата на првиот човек.
Но, за кратко време Перез излезе во јавноста со тврдење дека истата била лошо пренесена.
„Моите зборови се лошо пренесени, реков дека ќе чекаме до следниот преоден рок, тогаш ќе знаеме повеќе. Имам голема почит кон ПСЖ и одлична соработка со овој клуб“.
По сите изјави во изминатиот период, веќе е јасно дека Мбапе ќе заигра за Реал Мадрид.