По првите 45. минути на дуелот помеѓу Силекс и Вардар кој што во моментов се игра во Кратово, во рамките од новото 13. коло од ПМФЛ шампионатот, резултатот е оној почетниот 0:0.
Домаќинот имаше можност да дојде во водство по асистенцијата на Ефтимов и голот на Шеро, но судиите оправдано го поништија погодокот поради офсајд на асистентот.
Од друга страна пак, гостите најпрво преку Данев имаа супер шанса, но Џеков одлично брани, за да по корнерот Матиќ има ситуација во петерецот на Силекс но стоперот не се снајде најдобро.
Конечно, на фантастичната асистенција на Тодоровски, Омерагиќ изби сам пред Џеков шутираше, но пред празната мрежа на Силекс реагираше еден од домашните дефанзивци и расчисти пред топката да влезе во голот.















