Крстевски повторно менува клуб во Израел, ќе се бори за опстанок со Макаби Реховот

44

Македонскиот ракометар Горан Крстевски ја менува клупската средина, но останува во Израел. Средниот бек по заминувањето од Охрид и краткиот престој во Нес Циона, кариерата ја продолжува во Макаби Реховот, клуб кој официјално го потврди неговото ангажирање.

Крстевски во новиот тим пристигнува со солидно меѓународно искуство. Во досегашната кариера го носеше дресот на Металург, Еурофарм, австриски Линц, романскиот Фоча и Охрид, а има и настапи во европските клупски натпреварувања.

Пред Макаби Реховот претстои тешка задача, бидејќи тимот ќе води битка за опстанок во првенството. Интересно е што еден од директните конкуренти во таа борба ќе биде токму Нес Циона, поранешниот клуб на македонскиот ракометар.

Од израелскиот клуб очекуваат Крстевски да донесе дополнителен квалитет во организацијата на играта и поголема стабилност во бековската линија, а преку официјалната објава му посакаа добредојде и успешни настапи.

ПретходноДеле Али го запали дресот на Арсенал по изгубениот облог (ВИДЕО)
СледноПауновиќ им верува на Недељковиќ и Драгојевиќ од Ренџерс, а Миовски сепак остана дома