Лапорта кренал раце од Дембеле, летово оди на продажба

173

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта, кренал раце од крилото Усман Дембеле и ќе го продаде ова лето. Договорот на Французинот истекува во 2022 година и клубот направи неколку обиди да започне разговори за негово продолжување. Во овој момент, разговорите се во ќорсокак.

Лапорта веќе бил нервозен поради оваа ситуација и решил да бара опција за продажба на овој играч. Тој планира да направи многу промени во клубот во текот на летото, така што воопшто нема намера да ги одбива понудите за него. Дембеле пристигна во Барселона во 2017 година од Борусија (Дортмунд) и постојано се мачеше со повредите. Оваа сезона, 24-годишниот напаѓач покажа многу подобри игри и забележа 43 натпревари и 11 голови во сите натпреварувања.

ПретходноЛиверпул се најде во пол-позиција за ЛШ
СледноЛеброн со тројка ги однесе ЛА Лејкерс во плеј-оф, Вориорс одат на „поправен“ (ВИДЕО)