Ноемврискиот репрезентативен циклус за женската кошаркарска репрезентација на Македонија на претквалификациите за Евробаскетот 2029, продолжува со дуелот против Естонија.
По дуелот на гостински терен во Букурешт, против Романија, сега следува двобојот против селекцијата на Естонија.
Натпреварот Македонија – Естонија е закажан за 14 ноември (сабота), со почеток во 18:00 часот, во спортскиот центар „Џексон“ во Штип.
За Ана Милованова, претстојниот натпревар ќе има и посебно значење. Таа во Букурешт за првпат го облече сениорскиот дрес на Македонија, а дебито го доживува како голема чест и задоволство. Верува дека младата репрезентација има потенцијал да напредува, потпирајќи се на желбата, борбеноста и сплотеноста.
„Прво, благодарност до селекторот што ми даде шанса за првпат да го облечам сениорскиот дрес на Македонија. Ми претставува чест и задоволство што сум дел од овој млад тим. Натпреварот во Букурешт за нас беше еден добар старт и верувам дека од тука, со нашите најголеми адути – желбата, борбеноста и сплотеноста – ќе одиме само напред и кон подобро.
Токму тоа верувам дека ќе го покажеме и на следниот натпревар во Штип против Естонија. Со тоа сакам да ги поканам сите љубители на кошарката да дојдат и да нè поддржат во сабота навечер“, вели Милованова.










