Ракометарките на ЖРК Чаир попладнево славеа во првиот меч од 2.коло во ЕХФ Куопот против првакот на Азербејџан, тимот на Кур со 27:24.
Во текот на целиот меч ракометарките на ЖРК Чаир беа подобар состав, ги контролираа настаните на теренот а на крај како награда за таквиот настап дојде и победата од +3 голови разлика.
Кај победничкиот состав најефикасни беа Кралева со 7 погодоци, Хабиба постигна пет. Кај поразениот домашен тим Муртовиќ запиша седум голови.
Реваншот исто се игра во Азербејџан, во недела.










