Познат составот на Македонија…ја напаѓаме Шкотска со Растодер, Дориев и Чурлинов

124

Македонскиот фудбалски национален тим вечерва во Глазгов го игра претпоследниот дуел од актуелната Лига на Нации кампања, Б дивизија против домаќинот Шкотска.

Стартниот состав е веќе познат, а во него се наоѓаат стандардниот на голот Димитриевски. Во последната линија Алиоски како лев бек, Муслиу, Младеновски и Илиевски. Во средниот ред се Гаштаров, Елмас и Барди, а во нападот, се за некого можеби изненадување Љупче Дориев, Елмин Растодер и Дарко Чурлинов.

Тој се враќа во стартните единаесет по одуството во претходниот репрезенаттивен прозорец.

Македонија на овој меч ќе се обиде да стигне до првите бодови во оваа кампања и да го постигне првиот гол.

ПретходноБез изненадување во Битола: ГРК Тиквеш само лесен тренинг за Пелистер
СледноУЕФА ја доби првата битка против ФИФА