Цветанка Димова: Имаме квалитет, потенцијал, и добра иднина пред нас

0
Фото: КФСМ

Женската сениорска репрезентација на Македонија ги заврши настапите во овој репрезентативен циклус со натпреварите против Романија и Естонија. Иако резултатите не беа во корист на македонската селекција, периодот поминат заедно и прикажаната енергија на теренот оставаат простор за оптимизам.

Цветанка Димова ја истакнува позитивната атмосфера во репрезентативниот табор, како и борбеноста и карактерот што ги покажаа кошаркарките, особено на дуелот со Естонија. Според неа, подмладениот состав има квалитет и потенцијал, но за создавање на компактна репрезентација ќе биде потребно време и континуирана работа.

„Она што особено ме радува е атмосферата и позитивната енергија што ја имавме во текот на целата недела. Тоа се пренесе и на натпреварот со Естонија, каде што девојките покажаа голема борбеност, желба и карактер, борејќи се за секоја топка до последен момент. Мислам дека, и покрај подмладениот состав, покажавме добар пристап и енергија.

Свесни сме дека за оваа репрезентација ќе биде потребно време, но она што го видовме во текот на оваа недела ни дава причина за оптимизам. Имаме квалитет, потенцијал и добра иднина пред нас. Најважно е да продолжиме да работиме и да растеме заедно како тим“, истакна Димова.

ПретходноКлоп бара смена на Инфантино: Мислев дека од Блатер не постои полошо