Во пресрет на вечерашниот дуел меѓу Македонија и Словенија (20.45 ч), гостите предводени од селекторот Боштјан Цесар, си направија прошетка низ центарот на Скопје. Времето не им се погоди, врнежливо беше, па така не можеа да ги видат сите убавини на нашиот главен град.
Инаку од Фудбалската федерација на Словенија на своите фанови им порачаа каде треба да се соберат во пресрет на мечот, па така заедно да се упатат кон Арената, и секако да не ги заборават шаловите и знамињата на својата држава.










