Конте доби само парична казна за „средниот прст“ кон раководството на Јувентус

259

Интер и неговиот главен тренер Антонио Конте ќе бидат казнети за гестот на стратегот на „нероаѕурите“ за време на натпреварот од Купот на Италија против Јувентус.

Клубот и тренерот се казнети со по 2.000 евра поради тоа што по првото полувреме на реванш полуфиналниот натпревар, Конте им покажа среден прст на луѓето од раководството на торинскиот клуб.

Реванш полуфиналниот натпревар заврши со резултат 0:0, но поради победата на првиот меч од 2:1, Јувентус обезбеди финале.

ПретходноБиг Сем најави заминување од кормилото на ВБА
СледноПо освојувањето на пехарот: Да не биде и европско и второлигашко Кратово?