Покетино од САД со приватен авион ќе слета во Манчестер

0

Новиот менаџер на тимот на Манчестер Јунајтед, ќе се појави на Олд Трафорд четврток кога со приватен авион ќе слета од САД.

Таму за последен пат ќе ја предводи репрезентацијата на Америка, чиј што селектор е аргентинецот во моментов, на квалификацискиот дуел против Хаити во Синсинати.

Тој меч се игра в среда изутрина по европско време, а Покетино потоа со приватен авион директно ќе се упати кон Англија.

Од таборот на Јунајтед сакаат што побргу да го доведат. Тројца негови помошници – Хесус Перез, тренерот на голманите Тони Хименез и неговиот син Себастијано Покетино веќе пристигнаа во Манчестер за да го подготват почетокот на работата во новиот клуб.

 

ПретходноВинициус со хет трик во големата победа на Бразил над Сингапур