Шкендија Арачиново – Башкими 0:1 во првиот натпревар од 14.коло во ПМФЛ. Со голот на Мурати во 63.минута гостите од Куманови освоија големи три бода, дојдоа до екстра значајна победа. Можеби неочекувано ако се знаде дека Шкендија Арачиново беше фаворит на овој меч, во кој разочара, кумановци беа подобри и заслужено славеа. Со овие три бода сега Башкими има 14, Шкендија (А) остана на тие 18.
Мирен почеток на мечот на лошиот терен, а првата закана ја видовме во 13.минута кога Демири директно од корнер ја погоди пречката ка кумановци од горниот дел.
По само пет минути врати Ристовски, кога од свртување, од добра позиција шутираше, но топката заврши во пречката на домашните. Ристовски во 30.минута повторно опасно се закани, но сега голманот на арачиновци, Столевски, реагираше и го спаси својот гол.
Па така на пауза се замина со тие почетни 0:0.
Второто полувреме започна со поенергична игра на двете екипи. Домашните преку Мехмед во 47.минута од добра ситуација шутираше крајно непрецизно, над голот.
А во 51.минута вистинско чудо е како кумановци не поведоа кога Да Силва Антонио имаше зицер, отиде крајно лево и не успеа да ја погоди празната мрежа на Шкендија Арачиново.
И тогаш, во таа 63.минута конечно гол, и тоа заслужено за водство на Башкими. Капитенот Мурати по таа десна страна, откако доби топка од аут, си се намести и од речиси мртов агол стрелаше по рацете на Столевски за 0:1, за водство на Башкими.
Само четири минути подоцна Марко Симоновски можеше да израмни, но неговиот шут со глава заврши покрај голот на кумановци.
И Елези во 77.минута имаше голема шанса за израмнување, но гостинскиот гол одлично реагираше, па така останаа тие 0:1 за Башкими. Веднаш на другата страна Ристовски по третпат се најде во шанса, но и сега не успеа да го совлада Столевски.
Башкими пак можеше да погоди за 0:2, но Мајимона во 79.минута не го погоди голот на Столевски од добра ситуација.
Па така на крајот останаа тие 0:1 за Башкими.















