Спасев: Фокусот и вербата во сопствената работа ќе ни донесат позитивен резултат

0
Фото: КК Пелистер

Денеска во Супер-лигата ќе има интересни пресметки. Покрај натпреварот во салата „Лазар Лечиќ“ помеѓу Работнички и ТФТ, во центарот на вниманието е дуелот во Битола каде Пелистер го дочекува Куманово (19:30 часот). Станува збор за две екипи со различен скор, домашниот тим е претпоследен има две победи и пет порази, додека гостите се четврти на табелата со четири победи и три порази.

За разлика од својот противник, Пелистер има три порази во низа, па тренерот Тане Спасев дека максимално се подготвувале за оваа средба.

„За натпреварот против МКК Куманово максимално посветено и внимателно се подготвуваме веќе пет дена. Противникот оваа сезона има тим од искусни и квалитетни играчи со долгогодишно искуство зад себе. Играат тимска кошарка со трпелива игра и користење на повеќе опции во нападот. Очигледно е дека оваа екипа е екипа за високи дострели во годинашнава сезона.

Во кошарката и спортот воопшто, кога натпреварите се одлучуваат во последните секунди или минути – шансите за победа или пораз се изедначени… одлучуваат еден шут или дефанзивен гаф. Наша задача и фокус се работите во одбрана и напад кои ги бараме и се обидуваме да ги сработиме во текот на сите 40 минути. Само фокус и придржувањето до планот за игра низ целиот натпревар, како и верба во својата вложена работа и својот труд ќе резултираат со позитивен скор во следните такви трилер-завршници.

Спроведувањето на планот за игра, енергијата, желбата за надигрување и натпреварувачкиот дух. Имаме млада екипа и мислам дека погоре наведеното треба и ќе се покаже на терен Со залагање и убава кошарка за гледање да ја испочитуваме и прекрасната битолска публика која ја повикувам да присуствува на овој натпревар во што поголем број“, изјави тренерот на Пелистер.

МТЕЛ СУПЕРЛИГА

ДВОЈКИ 8. КОЛО

21.НОЕМВРИ (САБОТА)

17.00: Работнички – ТФТ

Спортска сала „Лазар Лечиќ“ Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/2IaL9K5Ehm8?si=ckG-tW6BQhqOpi_6

18.00: Струмица 2001 – Кожув

Спортска сала „парк“ – Струмица

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/GPDcjpGJ9Ac?si=UfqhmgmNXXXhrkur

19.30: Пелистер – МКК Куманово

Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/X3ZpVeFNFxo?si=_RJI9yXL_B9FDmak

20.30: МЗТ Скопје Аеродром – ГКК Штип

Спортска сала „Наум Наумовски-Борче“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/y9NROIlxGOw?si=9m8x4rNCwNwbvapj

ПретходноКомпани: Ситуацијата е тешка, но мораме да се справиме