Се играше 51.минута во Штип кога младиот, има само 20 години, Алтин Алии директно од корнер постигна спектакуларен гол за 1:1 на мечот Брегалница – Струга ТЛ. Јасно е тој гол е денеска потег на денот, па не така често наши играчи или во ПМФЛ се постигнуваат голови директно од корнер – “ала Шаќири“.
Интересно Алии не бил ни роден кога стружанецот на 16 октомври 2022 година во Саутемптон тогаш ја шокираше Англија. Токму тој гол е еден од ТОП 3 најславните во нашата фудбалска историја.
За денешниот гол на Алии свој коментар имаше и неговиот тренер Бледи Шкемби:
“Голот на Алии од корнер денеска во Штип не беше случаен. Тој тоа го работи на тренинг“.















