Евролига: Партизан, конечно, го победи Дубаи на гости

0
фото: KK Partizan (FB)

Кошаркарите на Партизан конечно ја прекинаа негативната серија на гостувањата во Дубаи, откако со одлична игра во завршницата славеа со 84:71 во натпревар од 14. коло на Евролигата. За „црно-белите“ ова беше прва победа на гостински терен против Дубаи, по претходните седум неуспешни обиди. Избраниците на Жоан Пењароја до триумфот стигнаа со извонредна последна четвртина, која ја добија со убедливи 26:9.

Карлик Џонс беше предводник на победничкиот состав со 21 поен, додека Никола Танасковиќ придонесе со 12. Роберт Френкс и Алесандро Пајола завршија со по 10 поени. Кај Дубаи, Двејн Бејкон и Џарон Блосомгејм беа најефикасни со по 13 поени, а Филип Петрушев запиша 11.

Вреди да се истакне и дека Партизан настапи без неколку важни играчи, меѓу кои Лука Вилдоза, Ламар Стивенс и Дерек Вилис.

ПретходноМакедонија е комплетна: Се приклучија и Нено и Рајт