Убав и емотивен момент по натпреварот во австралиската А-лига. Младиот Лука Огненовски во дрес на Македонија му се придружи на својот татко Саша на прес-конференцијата, а средбата заврши со искрена прегратка пред присутните новинари.
Саша Огненовски е поранешен австралиски репрезентативец со македонско потекло, денес е тренер на австралискиот клуб Макартур ФК. Очигледно без разлика што тој е роден во Австралија, корените во семејството не се забораваат.










