Кенијци победници на 125. издание на маратонот во Бостон

85

FOTO>Twitter/Boston Marathon

Кениецот Бенсон Кипруто е победник на бостонскиот маратон откако ја истрча патеката со време од 2 часа, 9 минути и 51 секунда и притоа освои 150.000 долари. Тоа е негова прва победа во Бостон, а вкупно трета во маратон по победите во Прага оваа година и во Торонто 2018 година.

Второто место му припадна на Леми Бергану од Етиопија со време 2:10.37, а трет неговиот сонародник инаку дебитант на маратоните Џемал Винер со резултат 2:10.38 часа.

Во женска конкуренција Кенијките ги заземаа првите четири места. Триумфираше Дајана Кипџогеи со резултат 2:24.45, пред Едне Киплагат и Мери Нгуги.

ПретходноСтоле, Џани и Кире во КЛУБОТ-50, пригодни подароци од ФФМ!
СледноОстанавме без Адеми: „Лавот“ се повреди, сакаше да продолжи но не можеше