Флик: Ќе уживаме во победата и посакувам успешен Мундијал

415

Репрезентацијата на Германија по вечерашниот триумф од 0:4 на Арената Тодор Проески во Скопје против Македонија и официјално е квалификувана за претстојниот Мундијал во Катар.

Успехот на вечерашниот противник на Македонија е сосема залужен, Германија доминираше на овој меч шутираше давесетина пати кон нашиот гол, погоди четирипати, и единствено што селекторот Ханси Флик треба да биде загрижен е неефикасноста односно огромниот процент на промашени шанси.

„Се радуваме на оваа победа и на постигната цел. Одиме понатаму, на тренинзите ќе ја поправаме нашата игра, а со оглед на фактот што сме официјално квалификувани за Мундијалот, можам да кажам дека посакуваме што подобар пласман на него“ – изјави Флик.

Нојер: Се беше полесно откако го отворивме резултатот

На прес конференцијата по мечот присутен и Мануел Нојер, голманот на Германија, кој рече дека се било полесно на овој меч.

„ Во првиот дел имаше поинтензивна битка, во тој дел не успеавме да ги реализираме нашите шанси, но се се промени кога поведовме. Работите дојдоа на свое место“ – изјави Нојер.

 

 

ПретходноГерманска доминација, македонска немоќ! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноСтручен коментар – Александар Васоски: “Влеговме“ во германската “машина“!