Mањан на операција, Милан го повика ветеранот Миранте

173

Милан неочекувано се најде во проблеми со голманската позиција откако првиот чувар на мрежата Мајк Мањан ќе се оперира и ќе отсуствува извесен период, а притоа третиот чувар на мрежата Алесандро Плицари е во аут до јануари поради повреда на коленото. Мањан поради проблеми со левата рака уште од мечот со  Ливерпул во ЛШ одлучи да се оперира, па потоа ќе отсуствува извесен период (се проценува меѓу 10 дена до 1 месец).

Милан остана со еден здрав голман Чипријан Татарушану, па Стефано Пиоли сака уште еден чувар на мрежата како негова резерва. „Росонерите“ го повикале Антонио Миранте, 38-годишниот поранешен чувар на мрежата на Рома. Тој е слободен фудбалер откако му истече договорот во јуни, па Милан може да ги искористи неговите услуги додека не се вратат повредените голмани.

 

ПретходноДанска се пласира на Мундијалот, Унгарија ја запре Англија, победа и на Србија
СледноСвидерски го урна албанскиот сон за Мундијалот (видео)