Тешка болест го нападна велшкиот репрезентативец

773

Велшкиот репрезентативец Дејвид Брукс откри дека му бил дијагностициран рак на лимфните жлезди во втор стадиум. Пред неколку денови Брукс го напушти тренинг кампот на „Змејовите“, а сега ја откри причината.

„Моето лекување стартува идната недела. И покрај тоа што оваа вест е шокантна како за мене така и за мојата фамилија, прогнозите се добрии и јас сум убеден во потполно заздравување и враќање на фудбалските терени“, изјави Брукс.

Брукс има 24 години и тој е поранешен младински играч на Манчестер Сити, а од таму премина во Шефилд Јунајтед. Во Борнмут премина во 2018 година и стана стандарден играч. Во сезоната 2019/20 играчот од средниот ред запиша 9 натпревари, а на крајот на истата Борнмут испадна од елитата.

ПретходноКосово го отпушти селекторот, кандидати за замена: Магат, Зенга, Роберто Карлос…
СледноСе огласија од Бешикташ: Веста за соработка со Вардар е ЛАЖНА!