Во пресрет на саботниот меч од 10.коло со Тиквеш, и екипата на Шкупи денеска на тренингот конечно беше комплетна. Се вратија во тимот после репрезентативните обврски и Марко Ѓорѓиовски, Али Адеми и Блертон Шеји.
Адетунџи Сандеј, голгетерот на Шкупи, инаку лидер на табелата во ПМФЛ, го пречека својот соиграч од нападот Марко Ѓорѓиовски со честитки за одличната игра за У-21 на Македонија и двата постигнати голови на мечевите со Ф. Острови и Ерменија.