Алкалоид “пука” 50-ки како од шега

403

Алкалоид ја продолжи победничката серија и таа сега изнесува пет победи од пет натпревари.

На натпреварот во кој доминираше од првиот момент, ја совлада екипата на РК Кичево 2020 со 56:21 (полувреме – 25:11).

Ова е втор натпревар на кој ракометарите на Алкалоид постигнаа повеќе од 50 гола. Мечот беше решен по првото полувреме, домашниот состав имаше позитива од 25-11.

Најдобри стрелци беа Кофилоски со седум погодоци, а по шест постигнаа Серафимов, Kостовски, Ѓоргиев и Тодески.

Во следното коло Алкалоид гостува кај РК Текстилец од Штип.

ПретходноEвролига: Уникс постигна само 41 поен, нов резил на Баерн
СледноБразил го прегази Уругвај, Лаутаро за нова победа на Аргентина