Солскјер не можеше да добие подобра вест!

552

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во следното коло во Лигата на шампиони, против Аталанта, во составот ќе го имаат Ван Бисака. Овој фудбалер беше суспендиран со два натпревари поради црвен картон против Јанг Бојс.

Од таборот на „црвените ѓаволи“ поднесоа жалба, истата беше прифатена, па Оле Гунар Солскјер ќе го има на располагање за пет дена во 3. коло на Лигата на шампиони.

„Жалбата поднесена од Манчестер Јунајтед е прифатена. Според тоа, одлуката на контролното, етичко и дисциплинско тело на УЕФА од 23 септември 2021 година се менува и фудбалерот ќе биде суспендиран само на еден натпревар”, се вели во соопштението.

ПретходноИсторијата е испишана, Пелистер со дебитанска победа во АБА 2-лига
Следно“Пандевци“ утре со Шкендија на „Благој Истатов“, Беласица домаќин на Комплексот „Горан Пандев“!