Се чини дека полека, но сигурно, соработката меѓу двата струмички клубови Академија Пандев и Беласица одново е на ниво. Така и треба, и тоа е за поздравување. Имено за утрешните мечеви на двата клуба, и двата се домаќини, има договор екипата на Академија Пандев во дербито со Шкендија од 10.коло во ПМФЛ да го користи стадионот “Благој Истатов“ во Струмица. Додека Беласица за првпат ќе биде домаќин на Комплексот “Горан Пандев“ во меч од 7.коло во ВМФЛ – ИСТОК против Осогово.
И двата меча ќе се играат утре од 14 часот. Ова е поради фактот дека дербито на колото меѓу “Пандевци“ и Шкендија ќе се пренесува на стримот на ФФМ како и на ТВ „Спорт Клуб“.
Значи струмичани ќе ја имаат таа привилегија да можат да бираат на кој натпревар утре да го минат своето фудбалско попладне.