Некогашниот англиски репрезентативец и член на тимот на Реал Мадрид, Џонатан Вудгејт даде изјава со која многумина ќе се согласат и која и тоа како „држи вода“, а се однесува на Њукасл како клуб, неговиот пребогат соптвеник и желбата од овој клуб сега да се создаде фудбалска велесила.
Вудгејт смета дека и покрај милијардите со кои ќе располага Њукасл, големите фудбалски звезди од типот на Мбапе, Халанд и слични нема да сакаат да заминат во овој клуб.
„Таквите играчи и сега имаат многу пари. И сакаат да играат во клубови со кои ќе освојуваат трофеји, со кои ќе се на врвот на фудбалскиот свет. Тоа сигурно нема да биде Њукасл. Тие сакаат да играат во Барселона, Реал, Баерн Минхен….“ – вели Вудгејт па додава.
„Не е тоа непочитување спрема некако едноставно така стојат работите. Еден Алан Ширер пристигна во Њукасл, а беше фантастичен играч но тој е локален лик, тој е од Њукасл. Нештата не се исти. Доколку биде сменет Стив Брус тоа ќе биде големо непочитување спрема тренер кој наскоро ќе го води својот илјадити натпревар во Премиер лигата. Што значи тоа? Значи дека е успешен тренер. На Њукасл ќе му биде потребно цела деценија за да создаде нешто сериозно. Најпрво треба да се освои ФА Купот, па можеби Премиер лигата, па Лигата на Европа, па Лигата на Шампионите… така одат нештата“ – изјави Вудгејт.