ПМФЛ: Супер пресврт на “пандевци“, Шкупи го “освои“ Кавадарци, блесок на штипјани… (ВИДЕО)

895

Завршија сите мечеви од 10.коло во ПМФЛ. Супер дерби, одличен фудбал во Струмица и каква победа на Академија Пандев и тоа со 2:1 и тоа против Шкендија, и тоа со двата гола на перфектниот Мартин Мирчевски..

Тетовци имаа водство по првиот дел со мајсторискиот гол на Дориев. Во вториот дел имаа и шанси, и статива, но казната стигна во фиинишот кога Мирчевски двапати стрелаше за голема победа над шампионот.

 

Лидерот го “освои“ и Кавадарци, Шкупи на рутински начин го победи Тиквеш со 1:0, со голот на Руватубаје, па и натаму го држи тоа прво место на табелата.

 

Брегалница се истури против очајната Македонија ЃП. И овојпат брилијараше Марјан Алтипармаковски со два гола, Ескиќ и М. Стојанов постигнаа по еден за тие 4:1, додека Камара погоди за гостите.

Ренова со 2:0, со головите на Селмани и Шефити без проблеми го победи Пелистер, додека Струга ТЛ и Борец одиграа 1:1. Домашните имаа 1:0 имаа и играч повеќе но сепак на крајот освоија само бод.

Вчера Работнички на свој терен беше поразен од Скопје со 0:1.

РЕЗУЛТАТИ – 10.КОЛО

СТРУГА ТЛ – БОРЕЦ 1:1

(Цаке 9./Љума 82.)

А.ПАНДЕВ – ШКЕНДИЈА 2:1

(Мирчевски 77., 87./Дориев 17.)

ТИКВЕШ – ШКУПИ 0:1

(/Руватубаје 30.)

РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР 2:0

(Р. Селмани (п) 61., Шефити 72./)

БРЕГАЛНИЦА – МАКЕДОНИЈА ЃП 4:1

(Ескиќ 16., Алтипармаковски 27.,80., М. Стојанов (п) 45./Камара 70.)

ВЧЕРА:

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 0:1

(/М. Станковски (авт) 56.)

ГОЛОВИ ОД РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР

ПретходноЛиверпул го здроби Вотфорд, хет-трик на Фирмино, ремек-дело на Салах (видео)
СледноБлажевски и Грозданоски за триумф на Вардар