Тиквеш го најде лекот за залетаниот Е.Пелистер 2

127

Нема победничка ракометна сабота во Битола. Вториот тим од овој град, на домашен терен беше совладан од Тиквеш со 24-26 во рамките на 7. коло во Супер-лигата.

Кавадарчани одиграа многу внимателно, добро го имаа анализирано противникот. Отворија со 3-7, па имаа водство од 5-10. На другата страна Александар Јовиќ и неговите момци не можеа да најдат соодветна против игра за гостите, со големи маки на одморот намалија на 12-14.

Во вториот дел битолчани се доближија на еден гол (13-14), но гостите одново влегоа во ритам, набрзина поведоа со 14-19. Пред самиот крај на мечот, Е.пелистер 2 беше на два гола негатива, но немаше сили, барем да дојде до рами.

Тиквеш сосема заслужено се радуваше на победата, Симиќ имаше седум гола, додека Трпчевски пет. Кузманоски на другата страна ја пружи стандарната партија, постигна пет гола.

За Е.Пелистер 2 ова беше втор пораз оваа сезона, Тиквеш пак дојде до третата победа.

ПретходноКостадинов стрелец за Ружомберок!
СледноЛацио му го нанесе првиот пораз на шампионот Интер (ВИДЕО)