Љафтов повторно поразен, Ѓорѓиев најдобар во третата победа на АХЦ Волеј

103

Равена на Александар Љафтов е поразена и во вториот меч од новата сезона во италијанската одбојкасрак СуперЛега. На домашен терен, попладнево Равена загуби од екипата на Таранто со убедливи 3:0 во сетови.

Љафтов беше стартер за Равена, но не успеа многу да придонесе во обезбедување подобар резултат за својот тим. Нашиот смечер реализираше само 3 поени со 50% реализација во нападот.

АХЦ Волеј Љубљана на нашиот капитен Никола Ѓорѓиев немаше таков проблем. И во третиот меч во словенечкиот шампионат, тимот на Ѓорѓиев беше доминантен и ја оствари третата победа, овој пат на гостински терен кај Триглав со убедливи 3:0.

Ѓорѓуев беше фантастичен реализирајќи 19 поени за љубљанчани.

ПретходноЛазаров и Нант им се вратија на победите
СледноПочнаа одбојкарите: Работнички го доби женското дерби со Струмица, Вардар поразен од Лирија