Кирил Лазаров и Нант се вратија на победничките партии по поразот од Лимож во минатото коло. Тимот на нашиот најдобар ракометар и селектор на македонската репрезентација на гостувањето кај Тулуз славеше со во меч од 6. коло.
Нант го запиша третиот тиумф, има едно реми и два порази. Домашниот состав беше рамноправен противник во поголем дел од првото полувреме, во кое гостите пред самиот крај се изборија за водство од 14-19 на одоморот. Во продолжение Нант немаше проблеми, противникот успеа само да се доближи на два гола негатива, но не и да се закани посериозно.
Лазаров мечот го заврши со еден гол од два обиди, Мине со седум погодоци беше прв стрелец.