Наполи ја продолжи фантастичната серија од осум последователни победи во Серија А од почетокот на оваа сезона. Вечерва на домашен терен, наполитанците минимално го совладаа Торино со 1:0, доволно за да освојат нови три бода и да се осамат на врвот на табелата.
Во 27. минута, Инсиње промаши пенал, што беше навестување дека наполитанците ќе мора многу повеќе да се потрудат за да дојдат до победата.
Наполи погоди во 57. Минута, но ВАР го поништи голот на Ди Лоренцо поради офсајд.
Сепак, во 81. минута, откако и нашиот Елиф Елмас влезе во игра, стигна посакуваниот гол. Убава акција на домашниот тим, топката се одби од телото на Елмас, стигна до Осимен, кој со глава погоди за 1:0.