Погоден од разделбата со Ванда, Икарди денеска не се појавил на тренингот на ПСЖ

394

Францускиот гигант ПСЖ му дозволил на напаѓачот Мауро Икарди да го прескокне денешниот редовен тренинг поради семејни причини, објави новинарот Џонатан Џонсон на Твитер.

Вчера, агентот и сопруга на напаѓачот, Ванда Нара, напишаа на Инстаграм дека фудбалерот ја изневерил. Сопругата на Икарди ги отстрани сите фотографии со Мауро од нејзиниот профил.

Двојката има две заеднички ќерки. Пред врската со Икарди, Ванда беше во брак со неговиот пријател, поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Макси Лопез, со кого има три сина.

Засега не е познато дали тој ќе се врати на тренинзите утре, но очигледно ситуацијата со Ванда Нара му ги тргна мислите на сосема друга страна.

ПретходноМанчестер Ј. верува во Солскјер, ќе му даде 80 милиони евра за зимски засилувања!
СледноЗдравковски слави јубилеј: 100 настапи во дресот на АЕЛ Лимасол