Раководството на Манчестер Јунајтед ќе одвои 83 милиони евра за актуелниот предводник на тимот, Оле Гунар Солскјер за да го засили тимот во зимскиот преоден рок, пишува „Дејли Стар“.
Според изворот, челниците на клубот ќе му дадат пари на Норвежанецот за трансфери само доколку до декември Манчестер Јунајтед остане во трка да конкурира за титулата во англиската Премиер лига.
По осум одиграни кола во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед се наоѓа на 5. место во табелата со 14 бода.