Неколку поранешни фудбалери од Серија А добија тренерски сертификати, а меѓу нив е некогашните ѕвезди во италијанската репрезентација Алесандро Дел Пјеро и Даниеле Де Роси. Двајцата добија највисоки оценки од сите што учествуваа на тренерскиот курс. Тие се стекнаа со УЕФА А лиценца што им овозможува да работат во Серија Ц (третата лига).
„Според бодовното салдо Дел Пјеро и Де Роси беа најдобри на тестирањата за тренери. Исто така вреди да се спомене и тестот на Игнацио Абате“, соопштија од ФИГЦ.
Де Роси беше дел од тренерскиот штаб на италијанскиот селектор Роберто Манчини за време на ЕУРО 2020, но напушти со желба да почне самостојна тренерска кариера. Дел Пјеро, светски шампион со Италија од 2006 никогаш не работел како тренер по завршувањето на фудбалската кариера.
Покрај гореспоменатите со тренерска лиценца се стекнале уште Џанлука Чурчи, Масимо Макароне, Алесандро Матри, Рикардо Монтоливо, Џампаоло Пацини, Давиде Пизаро, Стефано Ториси, Кристијан Виери, Даниеле Касталдело и Марсело Отеро.