Жарко Пешевски и Филип Миркуловски немаа среќа овој викенд, и двајцата имаа тешки противници во рамките на осмото коло во Бундес-лигата.
Македонскиот репрезентативен пикер и Штутгарт на гостувањето кај Фленсбург беа поразени со 30-29.
Тимот на Пешевски беше подобар во првото полувреме во кое имаше предност од четири гола, на одморот истата изнесуваше само еден 14-15.
Фленсбург успеа да го сврти мечот во своја корист, на крајот да му го нанесе шестиот пораз на Штутгарт.
Пешевски натпреварот го заврши со три гола од исто толку обиди.
Пораз запиша и Миркуловски, но на домашен терен од Рајн Некар, и тоа од 29-30.
РНЛ го имаше водството во поголем дел од мечот, Вецлар пред самиот крај успеа да ја намали негативата од четири гола и да го ублажи поразот.
Вецлар е на 13 место, додека Штутгарт е две места подоле на табелата.