Шкендија и Јанта Волеј со максимален ефект и по 2. коло во одбојкарскиот шампионат

171

Одбојакрите на Шкендија и Јанта Волеј обезбедија нови победи во рамките на 2. коло од домашното одбојкарско првенство во машка конкуренција. Викендов на гостувањето против Лирија, Шкендија со убедливи 3:0 ја обезбеди и втората максимална победа, откако првенството го отвори со триумф на домашен терен над Дибра Волеј.

Максимален старт и за Јанта Волеј кој по победата над Македонија Џио во 1. коло, во втората рунда обезбеди максимална победа и над екипата на Дибра Волеј и тоа на гостински терен.

Кај дамите, нови победи во второто коло обезбедија Работнички, Јанта Волеј КВ и Наиковски Волеј. Прв успех и за одбојкарките на Струмица.

Прва лига (мажи), 2.коло

Лирија – Шкендија                     0:3 (20:25, 16:25, 13:25)

Штип УГД – Вардар                     3:0 (25:13, 25:21, 25:21)

Македонија Џио – ГОК Борец      0:3 (12:25, 8:25, 14:25)

Дибра волеј – Јанта волеј           0:3 (21:25, 23:25, 18:25)

Струмица47&72 – Универзитетво Тетово (денеска, 19.00, пренос на МРТ3)

***Слободна е екипата на Весна Пробиштип

Прва лига (жени), 2.коло

Работнички Скопје – Фит фан волеј           3:0 (25:22, 25:13, 25:15)

Пелистер волеј – Јанта волеј КВ                0:3 (9:25, 12:25, 17:25)

Наковски волеј – Вардар жени                  3:0 (25:7, 25:16, 25:16)

Струмицажени – Универзитет во Тетово     3:0 (25:22, 25:16, 25:13)

ПретходноМегваер во името на фудбалерите им се извини на сите навивачи на Јунајтед
СледноБизарна сцена: Навивач трчаше кон Меси и прекина контранапад на ПСЖ (ВИДЕО)