Она што се очекуваше по вчерашната катастрофа од Ливерпул, се чини дека е на повидок. Оле Гунар Солскјер е минато за Манчестер Јунатед. Попладнево се одржува итен состанок во клубот, Антонио Конте е контактиран, тој кажал “ДА“ и сега се очекува да се направи смената на клупата на клубот од “Олд Трафорд“. Ова доаѓа откако денеска медиумите на Островот објавија дека и дефинитивно играчите му свртиле грбот на Солскјер.
Единствен услов на Конте бил тој буквално да ги има сите надлежности околу трансферите на играчите и сами тој да решава кој ќе си замине и кој ќе дојде.