Нант за кого настапува Кирил Лазаров го запиша првиот пораз во Европската лига. Францускиот тим на домашен терен беше совладан од Лемго со минимални 27-28 во рамките на второто коло во групата Б.
Предводникот на нашиот најдобар национален тим запиша три погодоци од шест гола.
Нант губеше во текот на целото прво полувреме (10-12), до првото водство дојде после одморот, најголемата позитива беше два гола, но потоа падна. Гостите со серија 1-8 се искачија на плус пет 17-22. Фрацускиот тим губеше и со шест гола, успеа да се разбуди кон самиот крај, но не и да дојде барем до бод.